Сеп
26
пон
Чистење и одржување
Сеп 26 @ 9:00 am – 1:00 pm

За време на редовното чистење и одржување, Центарот е затворен за посетители.

Шотокан карате-до – Мал Змеј, со Сенсеи Горјанин
Сеп 26 @ 6:00 pm – 8:00 pm

Школата за Шотокан Карате-До “ШУГОТЕНШИ” држи редовни тренинзи по шотокан карате за деца и родители (Мали Змејови), како и за возрасни, во духот на бушидо – јапонски израз за етичкиот кодекс на воините-самураи, кој се темели на правда, храброст, почит, милост, искреност, чест и лојалност. Школата ја води Сенсеи Горјанин.

Детската група “Мал Змеј” е наменета за најмладата популација, со посебно изготвена програма сразмерно возраста. “Мал Змеј” ги опфаќа сите елементи на изучување на фокус, кординација и дисциплина, и истата се спроведува низ игра, во совршено контролирани и безбедни услови. Програмата е надгледувана и постојано надоградена од страна на стручни лица од областа на детската психологија. Повеќе овде!

Неделен распоред: секој понеделник, среда и петок од 18:00 до 20:00 во СИНО.

Отворени уписи за нови членови! Посетете ја и Галеријата на Малите Змејови и Шотокан Карате-до.

Повелете на изворно карате во доџото во Центар СИНО – првиот тренинг е бесплатен.


Shugotenshi-201509

Аштанга јога и медитација со Кристијан Илчевски / напреден степен
Сеп 26 @ 8:00 pm – 9:30 pm

На овие часови се работи Аштанга јога (Ashtanga Yoga) и медитација, под водство на д-р Кристијан Илчевски, доктор, хомеопат и инструктор по јога и медитација, сертифициран од повеќе меѓународни школи, од кои последната е школа за инструктори по Аштанга јога во Ришикеш, престолнината на јогата во Индија.

Вежбите вклучуваат работа со телото, душата и умот, бидејќи посветеноста на личниот развој бара работа на сите овие три полиња. Иако најчесто на часовите може да ни се причини дека јога вежбите се за физичкото тело, неретко се чувствуваат и другите придобивки. Обучен ум носи мир и спокој. А само здраво и силно тело може да носи здрав дух.

Часовите јога завршуваат со 20-30 мин. медитација. Во овој дел се работат вежби за концентрација и медитација кои имаат цел да го зауздаат незаситниот ум кој често не ни дозволува да бидеме среќни. Воедно, ова е убаво заокружување на енергетските процеси започнати со асаните.

Оваа група е за напредни јогини. За почетен и среден степен, повелете во втората група на Кристијан, секој вторник и петок од 20:00 до 21:30. Часовите се отворени за сите оние кои имале претходно искуство со јога, како и за секого кој во животот бил некое време физички активен. 

Старосна граница нема. Доколку имате поинтензивни здравствени проблеми или ограничувања, консултирајте се однапред со Кристијан, за да ги прилагоди вашите вежби кон вашите потреби и способности.

Ви посакуваме Мир, Светлина и Љубов на сите!

Термини: Понеделник и среда од 20:00 до 21:30.

Месечна чланарина: 1.500,00 денари.

Пријавување и информации на тел. 070 367 941.

Посетете ја и галеријата на СИНО за повеќе фотографии !


КристијанНапреднаФБ

Сеп
27
вто
Почетна хата јога со Каролина Јакимовска
Сеп 27 @ 6:30 pm – 7:45 pm

Почетна хата јога со Каролина Јакимовска во Центар СИНО, секој вторник и четврток, од 18.30 до 19.45, со почетен час 15-ти септември.

Групата се состои од 15 члена. Обврзно пријавување и информации во inbox на ФБ страната на СакамЈога или по емаил на raduvajse@gmail.com.

Месечна чланарина: 1,400.00.

Опис на програмата:

Раздвижете го телото, зашто телото што е во движење може да ги придвижи неподвижните аспекти од Вашиот живот!

Смирете го умот, зашто во смиреноста се кријат одговорите на Вашите прашања!

Вложете во себе радост, здравје и позитивна енергија!

Хата јога часовите се комбинација од физички вежби (асани), вежби за дишење (пранајама) и техники за опуштање. Телесната и психичката опуштеност овозможуваат правилно изведување на јога вежбите. Единствено во тие моменти на опуштеност можат да се почувствуваат вистинските ефекти од асаните.

Линк до РадувајСе!: raduvajse.wordpress.com


ФБкаролина3

Аштанга јога и медитација со Кристијан Илчевски
Сеп 27 @ 8:00 pm – 9:30 pm

На овие часови се работи Аштанга јога (Ashtanga Yoga) и медитација, под водство на д-р Кристијан Илчевски, доктор, хомеопат и инструктор по јога и медитација, сертифициран од повеќе меѓународни школи, од кои последната е школа за инструктори по Аштанга јога во Ришикеш, престолнината на јогата во Индија.

Вежбите вклучуваат работа со телото, душата и умот, бидејќи посветеноста на личниот развој бара работа на сите овие три полиња. Иако најчесто на часовите може да ни се причини дека јога вежбите се за физичкото тело, неретко се чувствуваат и другите придобивки. Обучен ум носи мир и спокој. А само здраво и силно тело може да носи здрав дух.

Часовите јога завршуваат со 20-30 мин. медитација. Во овој дел се работат вежби за концентрација и медитација кои имаат цел да го зауздаат незаситниот ум кој често не ни дозволува да бидеме среќни. Воедно, ова е убаво заокружување на енергетските процеси започнати со асаните.

Оваа група е за почетни јогини и оние кои имаат умерено искуство со јога. За напреден степен, повелете во другата група на Кристијан, секој понеделник и среда од 20:00 до 21:30.  Часовите се отворени за сите оние кои имале претходно искуство со јога, како и за секого кој во животот бил некое време физички активен. 

Старосна граница нема. Доколку имате поинтензивни здравствени проблеми или ограничувања, консултирајте се однапред со Кристијан, за да ги прилагоди вашите вежби кон вашите потреби и способности.

Ви посакуваме Мир, Светлина и Љубов на сите!

Термини: Понеделник и среда од 20:00 до 21:30.

Месечна чланарина: 1.500,00 денари.

Пријавување и информации на тел. 070 367 941.

Посетете ја и галеријата на СИНО за повеќе фотографии !


КристијанПочетнаФБ

Последни постови

  • СИНО ја изведе првата работилница за справување со стрес

    На 15-ти септември, во хотел Радика, Маврово, д-р Ана Пејчинова и м-р Валентина Трпкоска одржаа работилница за справување со стрес за персоналот на УНХЦР – Македонија. Четириесет и пет странски и домашни офицери на оваа агенција на ООН активно учествуваа во вежбите, предавањата и дискусиите во текот на овој настан.

  • Циклус работилници: Лични констелации

    Програмата на циклусот работилници за лични констелации е обновена и објавена во целост овде. Првата работилница е начелно закажана за сабота, 24-ти септември, но циклусот ќе се отвори штом се пријават најмалку осум учесници. Во пресрет на работилниците, следете ги саботните предавања со Ана Пејчинова на овие теми – распоредот

  • Лични констелации

    ЛИЧНИ КОНСТЕЛАЦИИ Циклус работилници: Семејни мапи за личен развој Основи на семејните мапи за личен развој, за работа на себе и работа со пријатели: (1) дијагностика на лична матрица на односи, (2) постигнување на длабинска свесност, (3) поставување на мапа во простор, (4) невербална комуникација како јазик на Несвесното, (5) кларификација

  • Нови тарифи за системски коучинг и семејни мапи

    Со истекот на двете години на функционирање на Центарот, завршува и периодот на промотивни цени и на некои бесплатни сегменти на службите за системски коучинг и семејни мапи (системски констелации). Некои тарифи веќе се променија во сезоната 2015-2016 и остануваат исти. Овие промени се со цел, исто така, да се изедначат

  • Терминологија: семејни мапи наместо констелации

    На сугестија на основачот на школата за системски коучинг, г-динот Мартин Каратерс, терминот системски семејни констелации се заменува со терминот семејни мапи, со цел да се разграничи од популарниот метод на семејни констелации на Берт Хелингер. Прочитајте овде повеќе за разликите помеѓу овие два метода, кои не само што имаат различни

  • eqiqbalance

    Уметност на со-односи

    ЦИКЛУС РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ: УМЕТНОСТ НА СО-ОДНОСИ Комуникациски вештини, емотивна писменост, емотивна интелигенција и зрели односи   ШТО: Во образовниот систем се учат бројни предмети, но не учиме како да комуницираме, како да се разбереме себеси и другите околу нас, како да се справиме со сопствените и туѓите чувства и права,

  • Санела Фековиќ во СИНО: 7 и 8 мај - откажано

    Последна промена: Поради недоволниот број на учесници, настанот е откажан. Прекрасната Санела Фековиќ од Белград ќе одржи дводневна работилница во Центар СИНО на 7 и 8 мај – Семејни констелации по Берт Хелингер! Секој учесник на работилницата ќе има можност за лична работа на сопствената констелација со Санела. Цена: 4,000.00 денари. Обврзна